Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората, има желба повторно да се врати во Јувентус. Во разговор за италијанскиот медиум „Кориере дело спорт“, тој вели дека жали што морал да си замине од Торино и минатото лето повторно го облече дресот на „кралскиот клуб“. Таму не ја добива минутажата што ја заслужува.
Мората во Реал Мадрид е резерва на Карим Бензема и се чини дека тоа нема да се промени во наредниот период. Токму затоа и размислува за можно заминување, по завршувањето на сезоната.
Тоа може да го искористи „кралскиот клуб“ бидејќи на крајот од сезоната ќе се обиде да го ангажира младиот аргентински виртуоз Пауло Дибала и во целата работа може да го вклучи и враќањето на Мората во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.