Новогодишното коло во Премиер лигата донесе нова тренерска смена. Хал сити му врачи отказ на менаџерот Мајк Фелан, откако тимот со недели бележи само негативни резузлтати и падна на последното место на табелата.
Фелан дојде на кормилото на „тигрите“ минатото лето на местото на Стив Брус, но многу натпревари ги загуби во самиот финиш. По 20 кола, Хал сити е има само 13 освоени бода, па управниот одбор се одлучи за смена, а наследникот на Фелан ќе се знае до завршувањето на оваа недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.