| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал стигна до бод по три гола негатива (видео)

burnemaut

Арсенал успеа да се спаси од пораз во 20. коло од Премиер лигата на гостувањето против Бурнемаут, извлекувајќи и по негатива од 3-0. „Топчиите“ постигнаа три гола во периодот од 70. до 92. минута за конечни 3-3.

Бурнемаут дојде до предност уште во 16. минута со погодокот на Даниелс, а во 20. минута веќе беше 2-0 со голот на Вилсон. Фрејзер во 58. минута стрелаше и за убедлива предност на домашните од 3-0.

Дополнителен проблем за „топчиите“ беа и повредите на Кокелин уште во 28. минута, а потоа и на Кошчелни во 64. минута, по што беа принудно заменети.

Но, сепак, во продолжението, Арсенал не се откажа од обидот да дојде до комплетен пресврт, и успеа во тоа. Најпрво Алексис Санчез во 70. минута намали на 3-1.

Во 75. минута, Перез успеа да го постигне и вториот гол за „топчиите“, А, конечно во 92. минута Оливие Гиру ги постигна конечните 3-3… Бурнемаут во 83. минута остана и со играч помалку по исклучувањето на Францис, па тоа успеа да го искористи Арсенал и стигна барем до израмнување.

По ова реми Бурнемаут со 25 бода остана на деветтата позиција на табелата, а Арсенал остана на четвртото место со 41 бод. „Топчиите“ се на еден бод минус во однос на третопласираниот Манчестер сити, додека на врвот се Челси со 49 бода и Ливерпул со 44 бода.

 

Во останатите два дуела од вчерашната програма во Премиер лигата, Свонси направи изненадување и славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 1-2, додека Стоук ги освои трите бода на домашен терен со рутинска победа над Ватфорд од 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top