Автомобил „Форд галакси“ утрово се запали во движење на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, кај местото Цетал, близу село Страцин.
Пожарот настанал од краток спој на инсталацијата на автомобилот во кој патувале две лица, возачот и една сопатничка. Возачот кој е на околу 50-годишна возраст изјави дека инсталацијата е причина за пожарот кој ја пеплоса колата, а се што успеал да направи е да го остави крај патот и да се спасат.
На самото место место излезе екипа на Територијалната противпожарна единица од Ранковце со двајца пожарникари. Автомобилот целосно е изгорен, а патниците се без никакви повреди и изгореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.