| четврток, 6 декември 2018 |

Управувачкиот комитет за кризи донесе сет мерки по најавите за студено и снежно време

Управувачкиот комитет за кризи денеска одржа седница во просториите на Центарот за управување со кризи во врска со метеоролошките најави за претстојни врнежи од снег и ниски временски температури што ќе ја зафатат Република Македонија во следните денови.

Тимови на ЕВН со зголемена мобилност и зголемена подготвеност за евентуални прекини во снабдувањето со електрична енергија, постојана готовност на екипите на Македонија Пат за реагирање на критичните точки, формирање на општински кризни штабови, се дел од заклучоците на седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top