| четврток, 6 декември 2018 |

Светот го бара за нападот во Истанбул, а тој без страв говори пред камерите во Киргистан (Видео)

Порталот turmush.kg сензационално објави неколку минутно интервју со Јахие Машрапов, за кого турските медиуми пишуваа дека е напаѓачот од ноќниот клуб “Реина” во Истанбул. Во разговор со новинарите на овој портал, тој тврди дека е невин и дека нема никаква врска со крвавиот атентат.

-Денес светските медиуми објавија слика од пасошот на државјанинот од Киргистан Јахие Машрапов кој е осомничен за терористичкиот акт во Истанбул. Но во овој момент тој се наоѓа во Киргистан, пишува turmush.kg.

Според изданието “граѓанинот Машрапов слетал денес, 3 јануари од Турција на аеродромот ”Манас“. Околу 9 часот тој бил на аеродромот во Оша.” Поради информацијате во медиумите соработници од менаџментот на ГКНБ трагале по Јахие Машрапов и биле во неговиот дом во Кара Суу. Тој бил повикан и на распит.

1483448317-31-670x459

“Посочениот државјанин на Киргистан нема врска со терористичкиот акт во Турција”, пишува turmush.kg.

Машрапов се согласил да раскаже некои детали од престојот во Турција.

“На 1 јануари отпатував од Бишкек во Истанбул. Таму имав работа поврзана со трговија. Откако ја завршив работата пристигнав на аеродромот во Истанбул и седнав во авионот. Полицајци ме симнаа и одведоа на распит. Објаснија дека ме распрашуваат во врска со терористичкиот акт во Истанбул. Ми кажаа дека надворешно личам на мажот од распространетата слика “, раскажува Машрапов.

1483448339-1

Тој тврди дека не го познава човекото по кого се трага. Не знае и зошто и како сликата од пасошот му е распространета во медиумите.

“Јас сум роден во Кара-Суу. Од 2011 година тргувам и патувам во Истанбул по работа “, раскажува Машрапов.

Според него на 28 декември тој патувал во Истанбул, на 30 декември се вратил назад во Киргистан, а на 1 јануари заминал пак во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top