| четврток, 6 декември 2018 |

Бебиња си играле, а потоа комодата поклопила едно од нив, погледнете кој го спасил (Видео)

Дека љубовта на близнаците е најсилна љубов во светот, сведочи и видеото од две бебиња, кое станало хит на интернет, а на кое може да се види како едно од двете деца паѓа под големата комода, додека другото се обидува да го спаси.
bebe
Станува збор за 2-годишни деца близнаци кои најпрво безгрижно си играат во пижами во својата соба. Во еден момент комодата околу која си играле паднала, а едно од братчињата останало заробено под неа, во болки и солзи.

До која мера љубовта меѓу овие браќа е силна може да се види по упорноста на малото дете кое се обидува, и на крајот успева, да го спаси своето братче, пишува Mirror.

Бебето најпрво неколку пати се обидува да ја помести комодата, но не успева. Меѓутоа, бидејќи состојбата на неговото братче е сè полоша, детето наеднаш добива натчовечка сила и едноставно и без напор ја поместува големата комода и го ослободува своето братче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top