| четврток, 6 декември 2018 |

Последна Нова година – на тинејџерка првото патување во странство и се претвори во трагедија

%d0%bb%d0%b5%d0%b0%d0%bd%d0%b0

Израелската тинејџерка Леана Насер ги молела родителите и покрај нивното противење да ја пуштат да го посети Истанбул за Нова година, за која ќе се испостави дека ќе биде нејзина последна.

Леана никогаш не била во странство, дури никогаш не го напуштила ни Израел. Тројца нејзини пријатели иделе за Истанбул на прослава на Новата година, а таа сакала да оди со нив.

Таткото на тинејџерката не ги послушал молбите на Леана да и дозовли да патува, но нејзината упорност наишла на разбирање кај тетка и Лајал Масарвех, која се согласила да се завземе за нејзината идеја празниците да ги помине во Истанбул.

18 годишната Леана имала големи планови за иднината, сакала да стане стоматолог, штедела за првиот автомобил.

Прва на листата желби на Леана била заедно со пријателите да ја прослави Нова година во Истанбул.

%d0%bb%d0%b5%d0%b0%d0%bd%d0%b02

Заедно со 4 другарки Леана во новогодишната ноќ се упатила кон клубот Реина. Неколку часа пред полноќ објавила фотографија на Снепчет. Кратко потоа терористот упаднал во клубот и уби 39 луѓе. Никој не можел да ја пронајде Леана. Нејзините две другарки поминале без повреди, додека една се наоѓа во болница во стабилна состојба.

Наскоро Леана била пронајдена по нејзините лични предмети замачкни со крв. Таа починала.

Најголемо е каењето на нејзината тетка која се завзела Леана да патува во Истанбул, но доцна е за се!Нејзиното тело ќе биде испратено во Израел за да биде погребана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top