| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Мала Речица

Вчера околу 19.30 часот во с.Мала Речица, тетовско, непознат сторител истрелал повеќе куршуми од огнено оружје кон куќата сопственост на Г.Н. (43).

По овластување на Јавен обвинител од  Тетово, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово при што се пронајдени седум чаури, а од кои три проектили завршиле во куќата. Повредени лица нема, а од проектилите оштетени се влезната врата, прозорски стакла и фасадата.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top