Италијанскиот напаѓач Леонардо Паволети е нов играч на Наполи. Транферот денеска и официјално беше потврден, иако беше познато дека клубовите подолго време преговараа, кратко откако Наполи остана без првиот напаѓач Милик кој е повреден.
Џенова ќе заработи 18 милиони евра од овој трансфер, а Паволети е вториот фудбалер кој го напушти тимот овој преоден рок откако Томас Ринкон премина во редовите на Јувентус.
Интересно е тоа што за овој трансфер, претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини изјави дека Наполи го ангажирал италијанскиот напаѓач откако тој одбил да им го продаде нашиот Илија Несторовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.