| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Верувам во себе, да не беше така сега ќе бев на риболов

rafael-nadal

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал истакна дека е среќен поради неговото враќање на терените, после опоравувањето од повредата на левиот зглоб. Тој минатата година испадна во првото коло од Австралија Опен, но овојпат верува дека ќе го освои овој трофеј.

– Минатата година играв одлично, но се повредив во најлош можен момент. Среќен сум што се вратив на терените и не можам да ја предвидувам иднината. Добро е што играм во Бризбејн. Единствено што можам да кажам дека сум здрав и верувам дека можам го освојам овој трофеј. Да не верував во тоа, сега ќе бев на риболов – истакна Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top