| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена Звезда се засили под кошевите, Дион Томпсон е нов играч на „црвено-белите“

dion-tompson

Американскиот кошаркар, Дион Томпсон, од денес и официјално е нов член на српскиот гигант, Црвена Звезда.

28-годишниот крилен центар (204 сантиметри) во редовите на „црвено-белите“ пристигна од тимот на Галатасарај за кого настапуваше само неколку месеци.

Томпсон својата кариера ја започна во Универзитетот Северна Каролина, а откако не се најде на НБА драфтот се пресели во Европа каде настапуваше за Олимпија, Баерн Минхен, Алба, а една сезона мина и во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top