| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтад ја започна новата година со победа (видео)

Хуан Мата и Златан Ибрахимовиќ донесоа три бода за Манчестер јунајтед, на гостувањето кај Вест Хем (0-2). Натпреварот започна мошне лошо за „чеканите“, затоа што Фегули во 15 минута од мечот, доби сомнителен црвен картон поради прекршок врз Џонс.

До крајот на полувремето, Валенсија и Лингард беа во можност да се запишат во листата на стрелците, додека пак од друга страна, Ланзини имаше идеална шанса да го доведе Вест Хем во водство пред самиот крај на првиот дел. На почетокот на второто полувреме, во игра влезе Хуан Мата на местото на Дармиан, а тоа вроди со плод во 63-та минута од мечот.

Шпанецот одлично ја искористи асистенијата на Рашфорд и без никаква пречка, погоди за 1-0. После 15 минути, резултатот веќе беше 0-2. Херера одлично асистираше кон Ибрахимовиќ, кој успеа да ј затресе мрежата на Вест Хем.

После оваа победа, Манчестер јунајтед остана на 6-та позиција на табелата со 39 бода, исто колку и петтопласираниот Тотенхем, кој има и натпревар помалку, а Вест Хем остана на 13-то место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top