| четврток, 6 декември 2018 |

Балканско суеверие: Ако не јадевте руска салата деновиве, тогаш ве чека…

Малку суеверие никому нема да наштети, но луѓето понекогаш претеруваат. Некои веруваат дека скршеното огледало носи несреќа, нараквици од црвено конче кои носат среќа… Но, колку и да постојат верувања, пак ќе се појави некое ново, така од неодамна се слушна дека не смеете да прескокнете руска салата за време на новогодишната ноќ, зошто ќе ве следи несреќа.
Искусните домаќинки на својата трпеза сигурно ќе имаат руска салата, затоа што секоја гозба на новогодишната ноќ е незамислива без неа. Од шеесетите години, кога стана популарна, руската салата не се симнува од менијата за сите прослави по ред – слави, свадби, крштевки, родендени, забави, а ако не каснете за Нова година, тоа ви доаѓа како некој лош знак за следните година дена, поточно среќата нема да ве прати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top