Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО.
– Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме од Грците да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали – изјави Дачиќ.
Тој додаде дека Белград во билатералните односи со Скопје и понатаму ќе го користи уставното име на Македонија, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во ЕУ и Обединети нации – БЈРМ.
Во новогодишното интервју за агенцијата „Бета“, говорејќи за односите во регионот, Дачиќ рече дека признавањето на Косово и поддршката на неговото членство во УНЕСКО ќе ги оптовари односите на Србија со нејзините соседи – Хрватска, Црна Гора и Македонија и дека Србија ќе води политика на реципроцитет, но тоа не значи дека нешто билатерално ќе преземе против тие земји.
Тој додаде дека тоа не е одмазда, туку одговорна државна и национална политика.
– Србија не е играчка па да може секој со нас да си игра. Ние на никого не му дозволуваме да не понижи. Ако на некој не му се важни нашите цркви и манастири на Косово и Метохија, кои беа запалени и уништени и ако тоа не е доволно за некој биде макар воздржан во прашањето за УНЕСКО, тогаш морам да го поставам прашањето на суштината на нашиот однос – додаде Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово