најдобриот тенисер на сите времиња, и поранешниот светки рекет број 1, Роџер Федерер по долгата пауза денес повторно им се врати на тениските терени.
Популарниот Федекс во првото коло од Хопман Купот за нешто повеќе од час време го „збриша“ Даниел Еванс од Велика Британија, победувајќи го во два сета со 6-3 и 6-4. Швајцарецот одигра „докторски“ меч и направи само два брејка кои беа доволни за прва победа во новата година.
Во следното коло, кое ќе се одржи за два дена Федерер ќе има потешка задача бидејќи за свој противник ќе го има 24. тенисер на светот, младиот Германец, Александер Зверев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.