
Во англиската Премиер лига денеска на програмата се шест натпревари од 20.коло. Први на теренот, во 13 часот и 30 минути ќе истрчаат фудбалерите на Мидлзбро и шампионот Лестер.
Во терминот од 16 часот се натпреварите: Евертон – Саутемптон, Манчестер Сити – Барнли, Сандерленд – Ливерпул и ВБА – Хал.
Последниот денешен дуел се игра од 18 часот и 15 минути меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.
Три натпревари се закажани за утревечер: Бурнемут – Арсенал, Кристал Палас – Свонси и Стоук – Вотфорд.
Колото ќе биде комплетирано в среда со лондонското дерби Тотенхем – Челзи.
Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 43, Арсенал 40, Тотенхем 39, Манчестер Сити 39, Манчестер Јунајтед 36.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период


