Кинеската грозница се повеќе го тресе европскиот фудбал, а челниците на кинескиот фудбалски прволигаш Тианџин Кванџиан понудиле дури 90 милиони евра за напаѓачот на Челзи, Диего Коста.
Водството на клубот кој од клупата го води Италијанецот Фабио Канаваро првично понудиле 60 милиони евра, но од Челзи веднаш ја одбиле понудата. Кинезите потоа ја зголемиле понудата на вртогнали 90 милиони, па прашање е како сега ќе реагира сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович.
Бразилецот со шпански пасош оваа сезона е водечки стрелец во англиската Премиерлига со 14 голови. Коста дојде во Челзи во јули 2014 година од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.