Во терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул загинала една Французинка, а уште тројца нејзини сонародници се ранети, соопшти во неделата министерот за надворешни работи Жан-Марк Ејро.
„Со голема тага ја потврдувам смртта на француска државјанка, која исто така имала и туниско државјанство, за време на нападот во дискотеката во Истанбул, Нејзиниот сопруг, државјанин на Тунис, исто така загинал“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Марк Ејро.
Истовремено Ејро потврди дека во истиот терористички напад се ранети уште тројца Французи, кои биле гости во ноќниот клуб.
„Во ова фаза констатираме тројца ранети француски граѓани. Во министерството за надворешни работи е отворен кризен центар, нашиот конзулат во Истанбул е целосно мобилизиран за да ги испрати ранетите во татковината, како и нивните семејства“, изјави Ејро.
Осудувајќи го „подлиот и гнасен чин“ во Истанбул, Ејро уште еднаш истакна дека Париз е потполно солидарен со турските власти во овој тежок предизвик.
„Франција ги потврдува своите намери заедно со Турција и сите членови на меѓународната коалиција да ја продолжат борбата со тероризмот“,порача шефот на француската дипломати.
Ноќта кон неделата засега непознат во ноќниот клуб „Reina“ во истанбулскиот кварт Ортакај. Според турските власти, убиени се 39 луѓе, од кои 16 се странци, Меѓу жртвите се државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Либија, Либан, Јордан и Израел.
Во нападот се ранети и 65 луѓе, од кои четворица се во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.