| четврток, 6 декември 2018 |

Турската полиција има нови снимки: Сите докази водат во еден правец

napad

Бројот на загинати лица во новогодишниот терористички напад во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул се искачи на 39, од кои 16 лица се странци. Во болница се примени 69 лица. Полицијата се уште трага по напаѓачот кој синоќа со автоматска пушка прво ги нападнал лицата кои стоеле пред влезот на клубот, како и автомобилите кои минувале по улицата, за потоа да продолжи со нападот внатре во дискотеката.

Во моментите додека се случувал нападот во „Реина“ имало околу 500 луѓе, од кои многумина туристи кои во Истанбул отишле да ја пролаван новата година.

– Потрагата по терористот се уште трае, се надевам дека многу наскоро ќе биде уапсен, изјавил турскиот министер за внатрешни работи.

Тој додал дека на местот на нападот биле пронајдени неколку докази, а по првичните видео снимки кои бие објавени од напаѓачот, властите дошле и до нови снимки на кои многу појасно не гледа терористот и кои ќе помогнат во истрагата.

Безбедносните експерти се сигурни и велат дека сите околнисти водат кон тоа дека зад нападот стои Исламска Држава, пренесе британски Гардијан.

– ИД се уште нема преземано одговорнсот за нападот, но тој е типичен за нив. И по нивните претходни напади, може јасно да се забележи дека тие секогаш бираат слични цели. Популарен ноќен клуб и прослава на Новата година која радикалите не ја оправдуваат, изјавил Метин Гурчан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top