Актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Славен Билиќ, побарал од раководните лица веднаш да испратат официјална понуда за францускиот ветеран од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Патрис Евра.
Поранешниот фудбалер на Монако и на Манчестер Јунајтед го загуби статусот на стандарден првотимец откако “старата дама” ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец Алекс Сандро.
Хрватскиот стручњак е убеден дека се потребни околу 5 мил. евра за да се осигураат услугите на офанзивниот лев бек, кој доколку се пресели во Лондон за време на зимскиот преоден рок, ќе си осигура годишна плата од најмалку 3 мил. фунти и повторно ќе има статус на стандарден првотимец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.