| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтини греењето на пелети

50452 Bitte verwenden Sie das Motiv nur mit Quellenangabe Foto: djd/German Pellets Genussrechte GmbH. Verstoesse gegen das Urheberrecht muessen wir juristisch verfolgen. Bilder duerfen nur mit vollstaendiger Quellenangabe und im Zusammenhang mit dem jeweiligen Text genutzt werden. Wer Urheberrechte verletzt, muss mit erheblichen zivil- und strafrechtlichen Konsequenzen rechnen. Bitte immer bei Verwendung Abdruckbeleg/Veroeffentlichungshinweis an: djd, Bahnhofstr. 44, 97234 Reichenberg oder an info@djd.de

Стапи на сила повластенатa даночна стапка за печки на пелети, како и за пелетите, што значи дека данокот на додадена вредност за за нив  д 18% се намали на 5%, објавено е во Службен весник. Тоа треба да се одрази и на крајната цена и да ги направи подостапни за потрошувачите.

Пелетите се промовираа како една солуција за намалување на загадувањето, како и за поекономично загревање на домовите.

Во нивното производство и продажба се вклучува и јавното претпријатие Македонски Шуми од каде пресметката е дека ако едно домаќинство троши три тона пелети во сезоната, тогаш со намалениот ДДВ ќе направи заштеда од најмалку 5 илјади денари.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво. Печките, шпоретите и камините на дрва имаат фактор на загадување 9 пати поголем поголем отколку тие на пелеети, а старите печки на дрва загадуваат и до 20 пати повеќе.

Субвенции за покрива на 70 проценти од трошокот или  најмногу до 30 илјади денари за набавка на печки и котели на пелети најави и државата, а град Скопје веќе додели субвенции на 196 домаќинства од општинскиот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top