| четврток, 6 декември 2018 |

Руска „елка“ од автомобили (Видео)

Жителите на Калининград во пресрет на Новата година првпат направија „елка“ од 94 автомобили. Видеото го објави на интернет здружението на автомобилисти на Калининград.

„Елката“ беше формирана пред палатата на спортовите „Јантарни“ во Калининград. Автомобилите беа наредени во форма на елка со вклучени четири трепкачи. Настанот беше снимен со дрон и објавен на интернет, пренесува РИА „Новости“.


Учесниците не планираат да се задоволат со постигнатото: наредната година тие се подготвени да се соберат со уште повеќе автомобили, подобро да се подготват, да ги имаат предвид светлина и временските услови.

Претходно беше соопштено дека најголемата Русија „елка“ од автомобили е направена во Хабаровск – 97 автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top