| четврток, 6 декември 2018 |

100.000 припадници на безбедносните служби ќе се грижат за сигурноста на новогодишната прослава во Франција

Во текот на ноќта на 31 декември, 100.000 претставници на безбедносните сили ќе бидат мобилизирани во Франција за да се спречат какви било терористички закани, но исто така и за сите нарушувања на јавниот ред, што подразбира и возење во алкохолизирана состојба.

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, речиси 100.000 полицајци, жандарми и војници се мобилизирани за ноќта меѓу 31 декември и 1 јануари, а се предвидени и нови средства за заштита, како што се бетонски блокови кои ќе бидат поставени на влезовите на местата на јавните собири, како одговор на нападите од Ница и Берлин.

„Прославата на Новата година отсекогаш била време на силна мобилизација со лица во пијана состојба, тепачки, огномет или изгорени автомобили. Сега ние, исто така, ги земаме предвид и новите терористички закани “, објаснува извор од полицијата.

За време на викендот, 36.000 жандарми и 52.600 полицајци, ќе бидат мобилизирани во Франција, кои ќе бидат додадени на оние од префектурата на полицијата во Париз и 7.000 војници од мисијата „Сентинел“. На Божик, 91.000 полицајци и жандарми беа мобилизирани за време на прославата.

Дочекот 2016, само еден ипол месец по нападите на 13 ноември во Париз и Сен Дени (130 мртви), беше минимално прославен во главниот град, а огнометот беше. Дочекот на 2017 изгледа повеќе празнично. На светлосното шоу на Шанзелизе, се очекуваат околу 600.000 лица.

– Две илјади лица задолжени за контрола и безбедност, како и 400 припадници на спасувачки екипи и медицински персонал ќе бидат распоредени околу Шанзелизе, соопшти градоначалничката на Париз, на својата веб страница. Зоната на прославата ќе биде затворена за сообраќај во вечерните часови, а ќе биде опкружена со три километри на бариери.

– Бетонски блокови и бариери ќе бидат инсталирани на влезовите на големите собири, беше наведено од Генералната дирекција на Националната полиција .

Во Ница, ќе се мобилизираат 150 полицајци со поддршка на елитната полициска сила за брзи интервенции. Во Стразбур, тие ќе бидат 350 полицајци и 200 војници; во Тулуз, 200 полицајци, изјави извор за париски Фигаро.

Терористичката закана „и понатаму останува висока” во Франција, процени пред Божик првиот човек на француската полиција Жан-Марк Фалконе. – Според искуството, за жал, од нападот од Ница, нападот на Берлин ја потврдува потребата  на големите собири да се воспостават безбедносни мерки со висок интензитет, како активни така и пасивни, додаде тој.

Министерството за внатрешни работи ќе го активира на 31 декември центарот за операции на полицијата и жандармеријата, кој раководи со големи операции како во случај на терористички напади, надевајќи се дека нема да има работа.

Припадниците на силите на редот посебно ќе бидат концентирарни и на откривањето на возачите во алкохолизирана состојба. Само во Париз и регионот ќе бидат мобилизирани 500 претставници на Дирекцијата за јавен ред и сообраќај кои ќе треба да воспостават 128 контролни пунктови во областа Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top