Македонската претставничка на „Евровизија“, Есма Реџепова, која настапи во Малме заедно со Лозано, била разочарана од целокупното натпреварување и од сѐ што видела таму, пишува српски „Курир“.
Таа, како што пишува „Курир“, рекла дека зад целата оваа организација стои геј-лоби и дека од некогашната манифестација, која своевремено ја следела, нема ни трага ни глас.
– Ова е невидено. Само педераши! На оваа манифестација се собрале истите оние кои организираат геј-паради по целиот свет. Јас досега сѐ сум слушнала, но ова е првпат со своите очи да видам што се случува со ова прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што нѐ влеговме во финале затоа што се гледа кој поминува овде – рекла Есма.
Мојот колега не смееше да излезе од хотел, а камоли да оди во евроклубот. Таму веднаш го штипкаа за газот, вели пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.