| четврток, 6 декември 2018 |

Путин го продава стариот блиндиран „мерцедес“ за 1,3 милиони долари

Владимир Путин, претседателот на Русија ја продава блиндирраната лимузина „мерцедес бенц пулман С класа гард“ од 1994 година. „Мерцедесот W140“, кој се нуди на продажба во Германија за фантастични 1,3 милиони долари.

Луксузната машина има поминато 25.000 километри.

Поради тоа што Путин стана премиер на Русија во 1999 година, по што за кратко време стана претседател, автомобилот служел за превоз на други државни функционери пред него – можеби дури и на неговиот претходник Борис Јелцин. Сепак, блиндираниот „мерцедес“ е хронолошки симбол на почетоците на владеењето на Путин со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top