| четврток, 6 декември 2018 |

Вицот на Путин го насмеа дури и првиот човек за национална безбедност на САД (видео)

На состанокот со американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, рускиот претседател Владимир Путин се пошегува на смерја на нетрпеливоста на САД кон Русија.

  • Ако добро се сеќавам, на американскиот грб е прикажан орел кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, што претставува симбол на мирољубива политика. Моето прашање е дали вашиот орел ги изеде сите маслинки, а сега му останаа само стрелите?, рече Путин на состанокот со Болтон во четвртокот во Москва.

Сите во салата се насмеаја на шегата на Путин, па дури и Болтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top