Подрачјето на поларниот круг се протега дури на териториите на четири држави… Сето тоа кај нас е познато како Лапонија – матичното место на Дедо Мраз, ирвасите, глечерите и на номадските племиња Сами. Таму се наоѓа и големата работилница за играчки на Дедо Мраз и на Баба Мразица. Во текот на целата година Дедо Мраз оттаму ги следи желбите на дечињата секаде во светот, но и внимава дали биле послушни за да може тој да им ги исполни. Симпатичниот дедо со бела брада и црвен костим, кој го сакаат и возрасните, пристигна во Македонија со својата санка влечена од ирваси. Тој за „Република“ открива дека децата во Македонија за 2017 година најчесто посакуваат братче или сестриче
Кога првпат дојдовте на македонска територија?
– Дедо Мраз дојде од Лапонија пред пет дена. И морам да кажам дека сум ја донел вистинската одлука бидејќи таму е многу студено, а овде е навистина пријатно.
Дали Ви се допаѓа Македонија?
– Од тоа што успеав да го видам за овие неколку дена, можам да кажам дека ова е многу убава земја. Имате прекрасна клима, убава природа и секогаш насмеан народ. Скопје е многу убав град,имав можност да се искачам и на Водно и да уживам во прекрасен поглед кон градот. Навистина убаво доживување за Дедо Мраз. Го посетив и Охрид, заслужено го носи епитетот бисер на Македонија како што ми раскажуваа во Лапонија.
Која е Вашата оцена за македонската кујна?
– Јас многу сакам да јадам и секако дека ја пробав вашата традиционална храна. И имам само пофални зборови за македонската кујна. Многу ми се допаѓа македонската пастрмалија, бурекот. Кај вас храната е разновидна и зачинета, во Лапонија, пак, е еднолична. Невообичаено ми беше што овде многу се јадат слатки работи, имате голем избор на десерти. Дедо Мраз сака промени затоа со сласт вкусив колку што можев повеќе.
Според Вас, беа ли послушни македонските деца за да добијат подароци?
– Да, децата во Македонија преку целата година беа навистина добри. Се хранеа здраво, ги слушаародителите, си ги извршуваа своите обврски. Дедо Мраз дојде овде за да им ги исполни желбите затоа што навистина ги исполнија сите мои очекувања во оваа година. Ги знаете ли нивните желби?
Што е тоа што најчесто го бараат како подарок за Нова година?
– Од моето долгогодишно дедомразовско искуство, можам да кажам дека децата најчесто сакаат играчки, пакетчиња, миленичиња, но морам да истакнам дека македонските деца имаат и друг вид желби, некои од нив искрено посакуваат во новата година братче или сестричка, желбите им се различни и скромни.
Ви се допаѓа ли предновогодишната атмосфера во Македонија?
– Дедо Мраз ужива во Македонија, многу ми се допаѓа овде. Луѓето, навистина, знаат да се забавуваат. Македонците се народ и сo кој лесно може да се оствари комуникација. Многу ја сакам вашата рок-музика. Сакам да ги слушам и да танцувам на „Леб и сол“. Македонците се пријатен народ, имаат и одличен начин на хумор, секогаш се ведри и расположени за дружење. Едвај чекам да дојде ред на новогодишната прослава, очекувам да биде незаборавно.
Која е Вашата порака до децата за 2017 година?
– Бидете добри и послушни, почитувајте ги вашите родители. Трудете се да ги исполните нивните очекувања. Искористете го секој момент од детството на секој можен начин, а Дедо Мраз и наредната година ќе се потруди да ви ги исполни сите желби.
Пишува: К.Н.К
(Текстот е објавен во 226 бр. на Неделникот „Република“)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!