| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во Оклахома: Разорно торнадо однесе најмалку 90 животи, меѓу кои и 20 деца (фото+видео)

Најмалку 91 лице загинаа, меѓу кои и 20 деца, а повеќе од 145 се повредени, од кои 70 деца, во разорното торнадо што ја погоди Оклахома. Се проценува дека бројот на жртвите ќе биде уште поголем.

oklahoma tornado8 oklahoma tornado7 oklahoma tornado6 oklahoma tornado5 oklahoma-tornado4 oklahoma-tornado 3 oklahoma tornado2

Тамошните медиуми јавуваат дека торнадото директно погодило во училиште во кое во моментот имало најмалку 75 деца. Срамнети со земја се цели згради во квартот Мур, во кој има 55.000 жители. Многу објекти се во пламен, а возилата лежат расфрлани по улиците и по патиштата. Илјадници куќи се без струја, но, за среќа торнадото со периметар од 1,6 километри го заобиколило најнаселеното подрачје во градот. Гувернерот на Оклахома, Мери Фолин, прогласи вонредна состојба во 16 окрузи.

Ова место последен пат било погодено од разорно торнадо во 1999 година кога е измерена рекордна брзина на ветер во светот од 486 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top