| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се мажи Серена Вилијамс

Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс му кажа „да“ на своето момче, основачот на социјалната мрежа „Редит“, Алексиис Оханијан.

– Дојдов дома, малку подоцна од вообичаено. Ме дочека спакувана патничка торба и автомобил што ме одвезе до аеродром. Дестинација: Рим. Таму со придружба ме однесоа до мојот сакан. До местото каде што прв пат се сретнавме. До истата маса каде што случајно се видовме, клекна на едно колено и изговори четири збора. Реков „да“ – поетично ја опишала ситуацијата Вилијамс.

I said yes from isaidyes

Алексис на постот и коментирал дека го направила најсреќниот маж на светот.

„УС Викли“ уште во октомври 2015 година објави сторија дека Оханијан и Вилијамс се заедно, но после тоа не се зборуваше многу за нивната врска. Сега одлучиле со цел свет да споделат колку се среќни.

Инаку Серена Вилијамс се поврзуваше со раперот Дрејк, а имаше шпекулации и дека е бремена од тренерот. Во интервју од минатата година пак, на прашање што е најромантичното нешто што маж го направил за неа, таа одговориола дека такво нешто уште не се случило.

Сега обожавателите на Серена Вилијамс и честитаат на запросувањето, а таа, како што вели, се подготвува за Отворено првенство на Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top