| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го заборави Бенитез, го испратија тренерот без подарок

Раководството на Челси и играчите го заборавија Рафаел Бенитез, односно неговиот труд, и го испратија без вообичаениот подарок иако шпанскиот тренер им ја донесе титулата во  Лигата на Европа и имаше солидни резултати откако го презеде кормилото на клубот од Лондон.

Бенитез се соочи со голем отпор од навивачите на „Стемфорд бриџ“, но тие на разделбата му признаа дека погрешиле. Со пригодни транспаренти му се заблагодарија на Шпанецот за титулата во Лигата на Европа и за освојување на третото место во Премиер-лигата, што му гарантира на Челси настап во Лигата на шампионите.

Benitez Celsi

За разлика од нив, никој од играчите не го спомена при прославата и свечените говори на разделбата од оваа сезона, по мечот со Евертон пред два дена.

Chelsea v Everton - Premier League

Бенитез го заборавија и челниците на клубот, предводени од Роман Абрамович. За споредба, Гус Хидинк на заминување од Челси доби подарок часовник од фудбалерите, вреден околу 200 илјади фунти, Аврам Грант беше на пиедесталот со играчите, а Бенитез незаслужено остана со празни раце. Иако за само 175 дена како тренер на Челси, постигна забележителен успех. Се најавува дека Бенитез ќе биде нов тренер на Наполи, тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top