Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на вонредна прес-конференција го соопшти својот голем план за почист воздух во Македонија.
– Драги граѓани, значи Зоран Заев, кој што сум јас, значи, има план како да се исчисти воздухот во Македонија и тој план ќе биде реалност и тоа е тоа, значи. Сега откако победивме на избори, иако имавме помалку гласови и мандати од ВМРО, ама нема везе пошо ако јас речам дека сме победиле – сме победиле, сеа значи ќе правиме влада и владата ќе ја води Зоран, значи Заев, односно јас – изјави Заев.
– Прва мерка кога ќе дојде владата на Заев, кој што сум јас, лидер на опозицијата ама тогаш позицијата, ќе биде да се намали загаденоста на воздухот преку намалување на емисијата на јаглероден диоксид во воздухо, која, како што сме читале во учебниците, значи уште од мали кога бил Зоки, мал Заев што читал, тоа е дека при дишењето, значи, на човечкото дишење со уста.. или нос, како беше, на литри кубни на час, се испушта јаглероден диоксид кој… не е добар – вели Заев.
– Еве се сеќавам јас, на пример, колку пати коа ќе се оќореме со бате Вице со една мастика за мене, а една за Вицето, па коа ќе се разбудејме утредента 2-3 цвечиња овенале во собата, значи тоа е уште еден доказ колку е лошо дишењето. Ене Петре ми се жали цвеќе дома не може да му заживее. Значи мора нешо да се праве – решителен е Заев.
– И така ние решиме дека пошо со дишење загадуваме, значи мора да се намале некако дишењето во Македонија и Заев и СДСМ ќе воведат наизменично дишење пар-непар. Еден ден ќе дишат на СДСМ членовите и гласачите, други ден ќе дишат на ВМРО гласачите, и така сме речиси исти, иста количина луѓе ќе дишат во ист ден, сè ќе си биде добро – тврди Заев.
Според него, мерката треба да почне со тоа што ќе дишат први само гласачите на СДСМ како поразени на избори, да добијат шанса како послаб противник први да се надишат.
– И тоа ќе го направеме веќе на почетоко на фебруар. Значи на први фебруар ќе си дишеме ние од СДСМ, па утредента ние нема да дишеме, нека дишат на ВМРО гласачите. И така ќе има почист воздух – убеден е Заев.
Новинарите го прашаа дали разговарал и со претставниците на албанскиот политички блок околу дишењето, односно дали им понудил ако сакаат некои од нив да не дишат првиот ден заедно со членовите на ВМРО. На тоа Заев рече:
– Еве вака… значи разговарано е со партиите на Албанците и тие немаат против ние први да одлучиме кој ќе дише и кој нема да дише. Па јас долго размислував кој треба прв да не дише, разговарав и со амбас… со пријател еден што ми е, не го знаете, мудар човек, паметен човек, кој ни мисли добро на нас во Македонија. И тој рече нешто што е генијално и многу паметно и хумано, дека е добро ние да покажеме храброст од СДСМ што први ќе го дишеме загадениот воздух, а овие од ВМРО да не го дишат тој загаден воздух на првиот ден – образложи задишениот лидер на опозицијата.
– Треба да им направиме добро, да видат дека се грижиме за нив и дека си пуштаме рака за заеднички да живееме во Македонија во иднина, со помала загаденост. Па откако ќе се изнадишеме ние загаден воздух, многу честици откако ќе примиме во нас, еве ја ќе дишам со цели гради тој ден, е отпосле тоа, ние ќе си недишеме, а ВМРО тогаш слободно нека дише – заврши со образложувањето на Планот за дишење Зоран Заев.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.