| четврток, 6 декември 2018 |

Секретарката на Гебелс (106) е уште жива: Не се каам за ништо (видео)

- Во ова време малку што ми остана се надевам дека светот нема да се преврти наопаку како тогаш, но оние години се случуваа ужасни работи. Добро е што никогаш немав деца, бидејќи тогаш би морала да се грижам за нив - вели Помсел

Брунхилда Помсел има 105 години и е последна личност која е жива од најтесниот круг на Третиот Рајх. Таа му беше секретарка на Јозеф Гебелс и сега првпат во животот дава интервју за британскиот весник „Гардијан“.

Таа се сеќава дека секое утро го чекала Гебелс во ходникот на кабинетот заедно со уште пет секретарки.

– Секогаш знаевме кога доаѓа. Но, не го гледавме се додека не излезе од кабинетот. Некогаш децата доаѓаа да го посетат и беа многу возбудени дека доаѓаат да видат татка си на работа. Беа многу пристојни и секогаш се ракуваа со нас – вели Помсел.

Во првото и веројатно последно интервју во својот живот во 106 година вели дека деновите и се одбројани.

– Во ова време малку што ми остана се надевам дека светот нема да се преврти наопаку како тогаш, но оние години се случуваа ужасни работи. Добро е што никогаш немав деца, бидејќи тогаш би морала да се грижам за нив – вели Помсел.

923744574586622cd0f3ce133456868_v4_big

Се поставува прашањето зошто дури сега првпат говори за својот ангажман во Третиот Рајх.

– Не ми е намерата да си ја олеснам совеста – вели таа и додава дека својата работа во пропангадистичката машинерија ја смета „само работа“.

Нејзини задачи меѓу другото биле и испраќање на лажни статистички податоци за паднатите авиони, претерување за навовниот број на силување на Германиците од страна на Црвената армија и слично.

Неодамна на Минхенскиот филмски фестивал беше претставен документарецот „Германскиот живот“ (A German Life) кој е снимен на основа на 30 часа разговор со Брунхилда Помсел.

– Важно ми е кога ќе го гледам филмот да го препознаам тој одраз во огледалото. Но, навистина не правев ништо друго освен што седев зад машината за чукање во кабинетот на Гебелс – вели неговата секретарка.

Помсел тврди дека нема за што да се кае. Според неа, таа се однесувала како и поголем број Германци.

– Верувам дека оние кои тврдат дека би се спротиставиле на нацистите кога би биле на наше место, навистина тоа го мислат, но многумина тоа не би го сториле. Целата земја беше како маѓепсана, кога дојдоа нацистите на власт – смета Брунхилда.

Таа себеси се опишува како производ на „пруската дисциплина“ присетувајќи се на таткото, кој по враќањето на Првата светска војна кога таа имала седум години. Тогаш тој им забранил на домашните да користат ноќни лонци во спалните соби.

– Кога моравме да одиме во тоалет излегувавме надвор да одиме во полско веце – вели Помсел.

Таткото нејзе и нејзинте браќа и сестри ги тепал со прачка за тресење теписи, секој пат кога биле непослушни.

– Тоа пруско чувство на должност засекогаш остана во мене – вели таа.

Имала 31 година и работела за државниот емитер како одлично пратена секретарка.

– Само заразна болест можеше да ме запре. Бев поласкана, бидејќи тоа беше награда за тоа што најбрзо чукам на машина во целата радио-станица – вели таа.

Се сеќава дека имала плата од 275 марки што било вистинско богатство во однос на тоа колку заработувале нејзините пријатели. Се сеќава на многу апсења и убиства, но вели дека главно била несвесна за деструкцијата која ја сееле нацистите.

– Знам дека денес никој не ми верува. Сите мислам дека се знам. Ништо не знаев. Од нас се се криеше – вели Помсел.

Секретарката на Гебелс одбива да признае дека била наивна кога верувала дека Евреите кои исчезнувале, како нејзината пријателка Ева на пример биле раселени за да ги обноват напуштените села.

– Верувавме во тоа. Ја голтавме таа приказна. Делуваше сосема нормално – вели таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top