Италијанските, но и медиумите на островот јавуаат дека Бразилецот од средниот ред на Ливерпул, Лукас Леива, наскоро ќе пристигне во Милано за да ги заврши медицинските прегледи за тимот на Интер каде што ќе го мине вториот дел од сезоната на позајмица.
Ливерпул веќе одамна ја прифатил понудата за него која вклучува откуп на неговиот договор на крајот на сезонава, па наместо на лето ќе си оди во јануари бидејќи тренерот Клоп не смета на неговите услуги. Пред да дојде во Ливерпул, Леива беше дел од бразилкиот Гремио, а со доаѓањето на Клоп стана јасно дека нема да добива позначајна минутажа на „Енфилд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.