Еден од најдобрите фудбалери на планетата, Лионел Меси, вели дека си го остварил сонот со настапите за Барселона и дека воопшто не размислува да си замине од клубот.
„Никогаш не сум ни помислил да играм за друг клуб. Со настапите за Барселона си го остварив сонот“ им изјави аргентинскиот ас, на новинарите во Доха. Тој пристигна во Катар, каде ќе учествува на неколку настани во промотивни цели. Повредата на тетивата, што ја заработи на натпреварот против Пари сен Жермен во Лигата на шампионите, а ја обнови на дуелот со Атлетико Мадрид во домашното првенство, значеше предвремен крај на сезоната за Меси. Тој нема да настапи за Барса на послендите два натпревари во шпанското првенство, но ќе биде подготвен за игра, за следната сезона.
„Мора да се подготвиме подобро за следната сезона. Титулата во Шпанија е одлично остварување, но Барселона е гигант и секогаш атакува на сите трофеи. Голем предизвик ќе н и биде и натпреварувањето во Лигата на шампионите. Многумина не отпишаа по поразите од Баерн, но Барселона е силна и сигурно ќе го потврди квалитетот што го има“, додаде Меси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)