| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Јаневски: Сингл сум 12 години, имам деца, ама не сум ги растел

Каде и да одите за Нова година, во сабота на 31 декември, во 19 и 15 часот гледајте ја една од најдолго очекуваните епизоди од „Еден на Еден” на „Телма” - гостувањето на Владо Јаневски!

Првпат на вакво интервју по цели 15 години, Владо има многу прашања за одговарање. Зошто го немаше толку време, која е причината поради која ги игнорираше медиумите, што му се случува во љубовниот живот, за кого е напишана „Од овој ден“, која песна го расплакува, за неговите вонбрачни деца и уште многу, многу интересни детали од животот на македонскиот омилен пејач.

 Плус, во оваа новогодишна епизода, која ќе трае малку подолго од вообичаено, ќе се појават и еден од нашите најдобри вокали – Влатко Лозаноски, групата „Маестро“ и познатиот водител Огнен Јаневски.

 Репризното издание на новогодишната „Еден на Еден” ќе имате можност да ја погледнете на Божик во истиот термин, 19:15 часот на „Телма“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top