| четврток, 6 декември 2018 |

Ова ќе биде најпопуларна дестинација во 2017 година

Португалија се појавува на повеќето листи ширум светот, како најдобра дестинација за 2017 година и тоа поради неколку причини. Топлото време, убавите плажи, градови со историја и пристапните цени го ја прават избор број еден.

Делови од Лисабон, главен град на Португалија, постојат од 9. век. Можете да се шетате по средновековните улици на  Алфама,а потоа да се упатите кон тврдината Свети Ѓорѓи (Castelo Sao Jorge).

Градскиот врв „Муриш“ нуди спектакуларен поглед, а влезот чини околу десет евра.

Некои од старите трамваи во градот се сообраќале по улиците и за време на Втората светска војна, а билетот чини околу три евра.

Португалското крајбрежје е голема атракција. Огромните бранови на Назара за оние кои сакат да сурфаат, но и кристално чистата и мирна вода на Лагос, за оние кои сакаат да се релаксираат.

Втор најголем град во Португалија е Порто, кој се наоѓа во северниот дел на земјата. Оддалечен е само еден час возење од Минхо, областа на виното, каде се произведува свежо бело вино, совршено за летни денови.

Омилена храна на локалното население е „францешина“, нешто каkо сендвич со колбаси, шунка, стек, топено сирење и лут домат, со сос од пиво.

Самиот град има средновековен центар со камени улици и позлатени резби. Тоа всушност е лавиринт, но ако ја следите реката, нема за се загубите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top