| четврток, 6 декември 2018 |

Што ѝ направи војната на Сирија? (видео)

Пред војната во Сирија, жителите на оваа медитеранска земја живееле убав живот, исполнет со среќа и слобода. Верските заедници взаемно се почитувале, Сирија била богата и културна држава, па со самото тоа и многу пријатна за живот.
sirija

Сирија отсекогаш била отворено општество свртено кон западната култура како ниедна друга арапска држава. Таа е единствената арапска држава со секуларен систем и во неа исламскиот закон е неуставен.

Пред граѓанската војна која започна во 2011 година, Сирија била единствената земја во регионот без војни и внатрешни конфликти. Таа е единствената земја која ги прифатила бегалците од Ирак без никаква дискриминација – ниту политичка, ниту верска или општествена.

Во Сирија жените не биле обврзани да се покриваат со вел, ниту да носат бурки. Сириските жени имат исто право како и мажите на здравствено осигурување и образование.

Сирија е единствената медитеранска земја која се уште е сопственик на своите нафтени компании. Владата не сакала да ги приватизира бидејќи тие богатства му припаѓаат на народот во Сирија. Има нафтени резерви од 2.500 милиони барели, а можат да ја експлоатираат само државните фабрики.

Сирија е единствената земја која ништо не му должи на Меѓународниот монетарен фонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top