| четврток, 6 декември 2018 |

Водителот паднал на бината и починал пред очите на публиката (Вознемирувачко видео)

Популарниот ирански телевизиски водител колабирал на сцената додека бил домаќин на свеченост која била пренесувана на државната телевизија.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како Ахмад Гаеми ја води државната свеченост. Одеднаш му се слошило и несреќниот човек, пред очите на шокираните гости, паднал на сцената.

Неколку лица веднаш се обиделе да му помогнат и да му дадат вештачко дишење, но за жал, на водителот му немало спас, починал од срцев удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top