Србија оваа недела е потресена од веста дека татко ја продал малолетната ќерка (16) во Крушевац за 3.000 евра на рати и половен автомобил.
Сето ова се случило во ромската населба Читлук, а вака изгледа свадбата на која невестата има само 16 години.
– Вообичаено е девојките да се омажат млади, но поради љубов. Некои се мажат на 15, 18, 20 години, зависно која како ќе се заљуби. Ние пристапуваме и се договараме како пријатели, не ги даваме со сила и не ги продаваме, вели соговорникот пред камерата.
Според податоците во Србија, 85 проценти од ромските девојчиња се мажат пред 18 години, а дури 70 проценти своето прво дете го раѓаат пред полнолетството.
– Се омажив на 14 години и го добив првото дете на 15. Сега не би се омажила на тие години, но тоа е што е, вели една од соговорничките која има 23 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)