| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ на чекор да го стигне Меси, му треба уште еден гол во 2016 година

ibra-1

Златан Ибрахимовиќ е на добар пат да го мине Лионел Меси на патот до едно интересно достигнување – па да стане најдобар стрелец на фудбалските терени ширум Европа за 2016 година.

Аргентинскиот ас ја заврши годинава со 51 постигнат погодок, но згуснатиот празничен распоред на Манчестер јунајтед му дава шанса на Ибрахимовиќ да ја достигне оваа бројка на ѕвездата на Барселона. Погодокот што го постигна на последниот дуел со Сандерленд беше вкупно 50. за Ибракадабра во изминатите дванаесет месеци, па на шведскиот голгетер му е потребен само еден гол за да го израмни достигнувањето на Меси, а два за да стане најдобар стрелец во оваа календарска година.

Шансите му се уште поголеми ако се знае дека „црвените ѓаволи“ утре играат уште еден дуел на домашен терен, и тоа против новиот премиерлигаш Мидлсброу, што е доволна најава дека Ибракадабра ќе стори се за да го надмине Меси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top