| четврток, 6 декември 2018 |

Жозе Мурињо заминува од Реал Мадрид

Zoze-Murinjo

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, денеска и официјално го потврди она што веќе сите го знаеја, дека Жозе Мурињо ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната.

„Клубот и тренерот сметаат дека сега е вистинското време да се заврши меѓусебната соработка. Би сакал да му се заблагодарам на Мурињо за напорната работа со тимот во изминатите три години“, изјави Флорентино Перез на вонредно закажаната прес – конференција на Реал Мадрид.

Така, „кралскиот клуб“ тргнува во потрага по нов тренер, а во меѓувреме ќе треба да се спроведат и изборите за нов претседател. Засега, единствено Флорентино Перез фигурира како кандидат иако, како што тој напомена, би било убаво доколку добие и противкандидат.

Што се однесува до новиот тренер, прв „пик“ е италијанскиот стратег Карло Анчелоти, кој побара раскин на договорот со ПСЖ и доколку добие дозвола да замине, речиси сигурно ќе седне на клупата на „кралевите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top