| четврток, 6 декември 2018 |

Доби прстен на роденденот: Ќе се мажи Маја Кикириткова

Македонската дизајнерка Маја Кикириткова доби веренички прстен на нејзиниот роденден. На својот профил на „Фејсбук“, убавата штипјанка објави фотографија на која го покажува прстенот подарен од нејзиното момче Александар.

– Од многуте неубави работи што се случија оваа 2016, годината ја завршувам со ова прекрасно да, а 2017 ќе ја започнам со уште поубави – напиша таа над фотографијата.

Маја и Александар се во врска околу една година. Претходно, таа долги години беше заедно со манекенот Илија Илов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top