| четврток, 6 декември 2018 |

Батлер со кош во последната секунда му донесе победа на Чикаго, Голден стејт сигурен на домашен терен (видео)

golden-stejt

Џими Батлер го однесе Чикаго Булс во победа над Бруклин Нетс од 101-99 со неверојатни 40 поени. Во тие 40 поени Батлер го постигна одлучувачкиот кош во последната секунда од натпреварот. За Чикаго, ова е втор триумф по ред по поразот во неделата од Сан Антонио.

Голден Стејт Вориорс го победи Торонто со 121-111, а Стеф Кари со 28 поени беше најдобар поединец во победничката екипа. Демар Дерозан даде 29 поени во канадскиот тим, но победата остана кај „воините“.

Лос Анџелес клиперс го совлада Њу Орлеанс со 102-98. Крис Пол со 21 и ДеАндре Џордан со 13 поени и дури 25 скокови беа најзаслужни за победата на екипата од Лос Анџелес.

Атланта по продолжение го совлада Њујорк со 102-98. Шродер со 27 поени и Двајт Хауард, кој мечот го заврши натпреварот со 16 поени и 22 скока, беа најзаслужни за победата. Кармело Ентони беше исклучен во првото полувреме, откако го удри во лицето Тебо Сефолоша уште во првиот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top