Австралискиот тенисер Сем Грот, кој моментално се наоѓа на 185. место на АТП листата излезе во јавноста со шокантни обвиненија за мафијата која е поврзана со спортските обложувалници.
„Понекогаш постојат ситуации кои едноставно не се прифатливи. Количината на навреди кои ги добивам, едноставно ги поминаа сите граници. Никогаш не сум се сретнал со нешто слично. Ми се закануваат со смрт, а на мојата девојка и се закануваа со погрдни зборови“, изјави Грот.
29-годишниот Грот, во професионалните тениски води е од 2006 година.
„Обложувачите на моите натпревари можат да загубат 50 долари, но јасно е дека оваа година јас имав некои порази, во мечеви кои беа навистина неизвесни. За мене вредноста на тие натпревари е многу поголема од 50 долари“, заврши Грот.
Грот нема некои позабележителни резултати од Грен слем турнирите, неговиот најголем успех е трето коло на Австралија Опен и на Вимблдон. Највисокиот пласман го забележа во август минатата година кога беше 53. тенисер на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.