| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: На Европа во 2017 година може да и се случи „политичка апокалипса“

Влијателниот дневен весник „Гардијан“ пишува дека во 2017 година на Европа може да и се случи „политичка апокалипса“, потенцирајќи дека под тоа ја земa предвид можноста дека во ЕУ може да дојде до пропаѓање на владејачката елита, како последица на нови терористички напади и нов миграциски бран.

Весниот оценува дека тие причини Европската унија ќе ја доведат до криза што Брисел тешко ќе ја надмине.

Почетокот на „апокалиптично сценарио“ „Гардијан“ го опишува вака: специјалните служби на земјите на ЕУ кон почетокот на 2017 година повторно ќе  „преспијат“ голем терористички напад во некој од главните градови во ЕУ, а со тоа дополнително ќе се зголеми чувството на беспомошност што прво ќе го искористи холандскиот десничар Герт Вилдерс, чија партија со голема веројатност ќе ја добие победата на парламентарните избори во март.

Потоа ќе следи криза во односите меѓу ЕУ и Турција која ќе се заврши со „отворање на портите“ за мигрантите и бегалците кон ЕУ и Западот, а тоа, предупредува британскиот весник, може радикално да го промени политичкиот пејзаж на Унијата, бидејќи во ЕУ ќе тргнат три милиони бегалци токму пред „пресудните избори“ во Франција и Италија, а со тоа само ќе се зајакнат позициите на противниците на Унијата.

Доколку три милиони бегалци навистина тргнат кон ЕУ – во Франција, Италија и Германија на власт можат да дојдат евроскептици, а Марин ле Пен веќе објави дека ако стане претседател на државата, ќе распише референдум за излез на Франција од ЕУ.

Холандија најверојатно ќе тргне по истиот пат, а во Италија движењето Пет ѕвезди ќе започне со референдум за враќање на лирата.

Ќе биде добро ако ова не се случи, но тешко дека Европа ќе избегне потреси. Над неа „дуваат ветрови“ на промена и ќе биде чудо ако не гледаме како „паѓаат“ нови жртви од редовите на политичката елита на ЕУ, заклучува „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top