Иницијативниот одбор за останување на Бранко Црвенковски на кормилото на СДСМ продолжува да собира потписи за поддршка на долгогодишниот партиски лидер. Планот е до 2 јуни, за кога е закажан изборниот конгрес на опозициската партија, да се соберат уште најмалку 10 илјади потписи, со што зад Црвенковски би застанале повеќе од 25 илјади социјалдемократи, пишува Утрински весник.
Иницијативниот одбор, минатата недела, го кандидираше Црвенковски за лидерската позиција, а кандидатурата е поткрепена со петиција на која се потпишани околу 15 илјади членови на СДСМ. Ова барање ќе се разгледува непосредно на конгресот, кога и се очекува Црвенковски да соопшти пред делегатите дали останува на најавата што ја даде пред Централниот одбор дека овој пат нема да се кандидира за лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



