Хакерите се доста барани во последно време. На нивната конференција во Хамбург годинава беа претставени најновите предизвици што се однесува до безбедноста, како и опасностите кои демнеат со развојот на технологијата. На аеродромите во светот во главно се користат компјутерски системи стари и по повеќе од 10 години, па затоа се особено ранливи.
Со помош на компјутер, хакерите можат да влезат во системот на аеродромот и да направат хаос. Во еден експеримент, германски хакери успеале да ја заменат резервацијата на еден германски новинар и да го преместат во сосема друг авион, седнувајќи го до познат политичар.
Стручњаците велат, дека терористите можат да го користат истиот принцип за да качат на авион свои луѓе кои понатаму би извршиле напад. Карстен Нол, основачот и шеф на Security Research Labs, вели дека пробивање на кодот од 6 букви со кој се потврдува резервацијата е сосема едноставно, посебно доколку се знае дека се користат само големи букви. Кога би се користела комбинација на мали и големи букви, тоа би било далеку по сложено.
Тој покажал дека компјутерот може за само неколку секунди да помине неколку илјади комбинации и да ја пронајде вистинската комбинација. Доколку авио-компанијата има помодерен систем, тогаш бројот на обиди би бил ограничен. Еден хакер оди дури до таму што вели дека успеал да превземе контрола врз авионот со кој летал. Тоа го направил така што го поврзал својот компјутер со системот на авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Од овие српски хакери се тресеше Европа: Две момчиња од Прокупље и Рума ги воделе нападите на сајтови во цел свет
-
Вашингтон: Системите на 21 сојузна држава биле цел на хакери пред ланските избори


