Сте слушнале ли за генетска сиромаштија?
Светски познатата консултантка Наталија Грејс се обиде да објасни зошто одредени луѓе секогаш остануваат сиромашни. Според неа, се работи за Закон за генетска сиромаштија. Односно, таа вели дека некои луѓе се “програмирани“ на живот со помалку примања.
- Начин на размислување
Кога бев мала имав другарка од училиште со која многу се дружев. Нејзиното семејство не се наоѓаше во многу поволна финансиска положба. Заедно уживавме да се забавуваме и да скокаме на нејзиниот кревет, со тоа што мене многу ми беше смешно тоа што од каучите постојано се гледаат федери кои се испакнуваа при секој наш скок.
После две децении, се сретнавме повторно и јас појдов кај неа на кафе. Ме изненади фактот дека се беше исто како што помнев во детството. Додека разговаравме не можев да го тргнам погледот од замастените ѕидови, прашината која беше насекаде, празните кутии расфрлани насекаде низ домот… Постојано во главата ми се вртеа пресметки колку би можело да чини цел овој мебел да се замени за нов.
Во еден момент, сфатив дека овде не се работи за немање доволно средства за реновирање на домот, односно доколку ова место беше потполно исчистено, ќе изгледаше сосема поинаку.
Заклучив дека нечистотијата не е доказ за тоа дека вам ви е тешко во животот. Нечистотијата е состојба на умот. Тоа е одраз на начинот на кој размислувате. Затоа мислам дека и сиромаштијата е состојба на умот. Доколку мојата пријателка се грижела за одржување на домот во изминатите години, тој воопшто не би делувал сиромашно.
- Скржавост
Во средно училиште, имав една професорка на која многу и се восхитував. Еднаш, за време на часовите, таа кажа една мисла која ми остана засекогаш врежана во мислите: “Скржавост значи да се пие од скршени и излуштени чаши, додека во креденецот се чува нов и неотворен комплет“.
Ваква ситуација може да сретнеме во многу домаќинства. Како што парите се чуваат за “црни денови“, така и често чиниите и чашите ги чуваме само за посебни пригоди. Проблемот е во тоа што, посебни прилики ќе има се поретко, а “црните денови“ се неизбежни.
Ако чуваме се што е вредно за подобрите денови, тие денови може и никогаш нема да дојдат. Затоа извадете се од креденецот и избришете ја прашината од нив. Секој ден е посебен за вас!
- Комплекс “Пепелашка“
Познавав жена која дваесет години штедеше за да успее да го продаде својот мал стан и да купи куќа со огромен двор.
Беше самохрана мајка на две ќерки и во текот на тие години за ручек правеше само супа. Гардеробата на девојчињата беше секогаш иста, само што им се дошиваше материјал онаму каде што нешто недостигаше. Како што може да замислите, девојчињата беа постојано несреќни.
После дваесет години, таа собра пари за да може да ја продаде гарсоњерата во која живееја и да собере доволно пари за куќа со голем двор. Но, нејзините ќерки воопшто не беа заинтересирани за куќата која таа ја одбра. И тоа не е најлошото што се случи при нивниот развој. Всушност, тие сега се големи девојки кои имаат добри работни места, но изгледаат исто онака како кога беа мали. Кај нив се создаде паничен страв од трошење, па колку и да заработуваат, тие не трошат пари на нешто што би ги веселело. Постојано се несреќни и јас тоа би го нарекла “Генетска сиромаштија“.
- Потсвесно програмирање
Деца кои растат во сиромашна средина, потсвесно се програмираат за сиромашна иднина.
Доколку децата се развиваат во дух на немаштија, односно кога постојано околу нив се говори за тоа колку се нема и не може да се има, тие ќе го земат тоа здраво за готово и никогаш нема да поверуваат дека можат да постигнат повеќе. Затоа, во најлош случај и ќе престанат да се трудат.
Како што реков претходно, сиромаштијата е состојба на умот. Така и богатството исто.
Затоа, не дозволувајте да паднете во таа група. Избркајте ја сиромаштијата. Трудете се и не се откажувајте. Програмирајте се себеси дека ќе успеете и гордо чекорете кон тоа.
извор: hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…