| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите покрај фудбалери ќе купуваат и судии?!

mark-klatenburg

Фудбалот во Кина е во неверојатна експанзија, а тамошните клубови вложуваат огромни средства за ангажман на фудбалски ѕвезди од Европа и од Јужна Америка. Тоа веќе стана сериозна закана и за врвните европски гиганти. Но, Кина нема да застане тука. Тргнува нов проект, за ангажман на квалитетни фудбалски судии кои ќе треба да ја делат правдата во кинескиот шампионат.

Едно од најактуелните имиња секако е Марк Клатенбург, кој го судеше финалето во Лигата на шампионите како и на ЕП 2016. Кинезите се свесни дека неговиот ангажман би можел уште повеќе да ја зголеми репутацијата на фудбалот во оваа земја, па нема да жалат средства за да го доведат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top